Интерпелацијата за собранискиот спикер Талат Џафери пристигна во неговиот кабинет. Оттаму не дадоа никаков коментар за обвинувањата и аргументите на опозицијата, ниту кога ќе се одржи расправата, туку преку соопштение до медиумите само објаснуваат дека Џафери ќе постапи според роковите од Деловникот.. Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. – велат од кабинетот на претседателот на Собранието.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат интерпелацијата да се најде набрзо на дневен ред на седница, а и покрај тоа скептицизмот дека ќе биде изгласана, ги повикуваат и владејачките партии да дадат поддршка во гласањето. Остануваат на истиот став дека Џафери постојано ги прекршува највисоките акти- Уставот и Деловникот.