Претседателот на Собранието, Талат Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 на прашањето, дали ДУИ останува на барањето 100 дена пред избори да има премиер Албанец, порача дека за ова прашање нема компромис.
„Нема компромис за ова, премиерот мора да биде Албанец 100 дена пред избори. Ова е политички договор помеѓу СДСМ и ДУИ, за ова сме договорени и така ќе биде. За ова знаат и во СДСМ и немаат ништо против“, порача Џафери во Клик Плус.