Во последните месеци Русија ги користеше Црното Море и ексклузивната економска зона на Бугарија за воени вежби, па нашата земја разгледува различни опции за одговор – од дипломатски до забрзано набавување на крајбрежни противракетни комплекси. Ова го изјави министерот за одбрана на Бугариja Тодор Тагарев во утринската програма на Бугарската национална телевизија, јавува Трибуна.

Тој прецизираше дека главниот одговор нема да биде независен, туку заеднички со сојузниците од НАТО.

„Русија од средината на јули предупредува дека ќе спроведе воени вежби во дел од бугарската ексклузивна економска зона, со тоа таа ги блокира нормалните комерцијални сообраќајни коридори, што значи дека економското користење на оваа зона е опасно за нас. “

Тоа што се случува во Црното Море во голема мера зависи од Турција и нејзините постапки не дозволуваат поголема ескалација на тензиите, посочи министерот. Турската страна строго ја почитува Конвенцијата од Монтрјо, ограничувајќи го присуството на воени бродови во Црното Море, вклучително и на руски бродови.

„Ангажманите на нашите сојузници не се само со бродови, тоа може да се направи со добивање разузнавачки информации, со авијација што потенцијално може да оперира против поморски цели, тоа може да се направи и со крајбрежни средства, тие не се ограничени со конвенцијата“.

Неколку сојузнички земји веќе настрадаа од конфликтот во Украина, остатоци од дронови паѓаат во Романија, потсети Тагарев. Според него, руските напади врз украинските пристаништа на Дунав во одреден момент можат да ја погодат и Бугарија.

„Нема закана од директна воена интервенција против Бугарија, но постојат ризици таа да биде засегната на еден или друг начин од овие провокативни и агресивни дејствија.

Се планира на бугарска територија да се создаде мултинационален дивизиски штаб на копнените трупи на НАТО, а се разгледува можноста истиот да биде расположен во близина на Софија.

„Не зборуваме за присуство на војници, туку за штаб кој е подготвен да управува со такви војници. Истиот ќе биде расположен на терен кој традиционално го користи бугарската армија. Станува збор за регионалната команда на специјалните сили меѓу Бугарија и Романија, за изградба на транспортна и енергетска инфраструктура, магацини, аеродроми“.

Главната политика на НАТО е да го одврати потенцијалниот агресор, доколку тој реши да дејствува. Агресорот не е хипотетички – тоа е Руската Федерација, рече министерот.

Распоредувањето на мултинационална борбена група во Безмер е само намера, а локацијата е предложена од војската. Средствата за ова најверојатно ќе надминат 100 милиони лева, од кои дел ќе бидат од НАТО.

„Многу луѓе посакуваат војната да заврши утре или следната година, но наша задача е постојано да ги проценуваме ризиците и да се подготвуваме за најлошите можни сценарија“, коментира Тодор Тагарев.

Бугарија има многу работи кои се од интерес за Украина – во моментов им испраќаме муниција која е надвор од прописите за одржување и надвор од директните потреби на нашата армија. Потребите се менуваат, на пример, Украина во моментов бара средства за деминирање, но ние не можеме да им помогнеме во тоа, прецизира министерот.

Според него, прашањето дали е клучна помошта од Бугарија за Украина е преекспонирана:

„Ако нешто е клучно од бугарска страна, тоа не се средствата што можеме да ги извадиме од магацините на армијата, туку производството на нашата одбранбена индустрија, која со децении е специјализирана за производство на муниција, мало и лесно оружје и тие се трошат многу.Инаку Бугарија е една од 60-те земји кои учествуваат во форматот „Рамштајн“ и и помагаат на Украина“.

Тодор Тагарев одби да го коментира ставот на претседателот за обезбедувањето на оружје. Тој посочи дека пружањето помош за Украина е одбрана на меѓународниот поредок и е од стратешки интерес за Бугарија, бидејќи ако Украина не издржи, Русија може да ја насочи својата агресија на друго место.

Целиот разговор со министерот за одбрана на Бугарија Тодор Тагарев можете да го погледнете на следниот линк.