Принцот Фредерик од Насау, млад член на кралското семејство на Луксембург, почина на 22-годишна возраст, по долга и тешка битка со ретко генетско нарушување, познато како синдром на осиромашување на митохондријалната ДНК. Оваа болест постепено ја нарушува клеточната енергија и може да доведе до дисфункција и откажување на органите.
Тажната вест за неговата смрт ја соопшти неговиот татко, принцот Роберт од Луксембург, кој изјави дека и покрај напорите на неговото семејство и лекарите, Фредерик на 1 март ја изгубил битката со болеста. На 28 февруари, во емотивен момент, кога се чувствувал дека животот му е на крај, принцот Фредерик го собрал семејството за да се збогува со нив на Денот на ретките болести.
Овој синдром се јавува како резултат на мутација на генот POLG, што доведува до намалување на бројот на митохондријална ДНК во клетките и ги оставa без потребната енергија, на сличен начин како батерија што никогаш не се полни. Симптомите на болеста се појавиле уште од рана возраст на принцот Фредерик, но биле препознаени дури подоцна.
Таткото на принцот, принцот Роберт, се присетил на почетните знаци на болеста: „Како бебе, тој спиеше додека другите деца играа. Потоа започнаа проблеми со рамнотежата и координацијата, често губеше сила и беше често болен“.
View this post on InstagramA post shared by Grand Ducal Family of Luxembourg (@royalsofluxembourg)
Во писмото што го сподели принцот Роберт, тој го опишал последниот момент на неговиот син: „На 28 февруари, нашиот син нѐ покани во неговата соба за последен пат. Тој ни упати зборови од срце, како што направи со својата мајка, која беше до него во сите овие години. Во последните мигови, тој ни остави стар семеен виц, како и последни зборови полни со љубов и мудрост“.
Еден од најемотивните моменти бил кога принцот Фредерик го поставил прашањето на својот татко: „Тато, дали си горд на мене?“. Принцот Роберт не можел да биде по горд на својот син, чии живот и борба го инспирирале многумина низ светот.