Утрово беше објавена вест и видео дека по 296 часа поминати под урнатините спасени се три лица. Маж и жена и нивното 12 годишно дете. Сепак, са жал, според последната информација која ја објави Агенцијата Анадолија, детето починало во амбулантно возило на пат кон болница, подлегнувајќи им на повредите. Мајката и таткото во моментов се во стабилна состојба.