Лидерот на ДПА Мендух Тачи синоќа гостуваше во Клик Плус на ТВ21.  Тема на разговорот беше пропаднатото гласање за недоверба на владата, новото и актуелното мнозинство.

Тачи кажа дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не ги почитувал доволно БЕСА и ДПА, додека Ваљон Беља се надоврза и кажа дела Заев велел дека тоа го прави поради тоа што ДУИ не дозволувал.

„Ние имаме коалициски договор со СДСМ, не со ДУИ. Многу од нашите барања кои беа договорени при составување на оваа владина коалиција, не се реализирани од СДСМ. Но, ние молчевме. Молчевме за да дадеме шанса процесите да одат напред. БЕСА тука се налутија, не се реализирани многу кадровски ветувања“, рече Тачи.