Албанците не добиваат а Македонците не губат. Вака лидерот на ДПА Мендух Тачи го коментира последниот развој на настаните со влезот на Алтернатива во владината колиација, во изјава за Утрински брифинг.
-Кога се прават договори, секој си го толкува договорт како што сака. Мене ми е важно да се знае дека Албанците не добиваат, а Македонците не губат позиции. Некои велат дека Алтернатива зеле многу места, но тоа не е точно. Далеку сме од оној процент што е договорен од Охридскиот договор. Сега имаме стабилна Влада и стабилни институции, вели Тачи за Утрински брифинг.
Тој вели дека во моментов албанската опозиција се наоѓа во многу лоша ситуација
„Таравари и неговата партија сега имаат три години да се консолидираат оти им остана само Левица. Сега ќе се отвораат поглавја а за тоа е важно да има стабилна Влада. Очекувам Алијанса полека да исчезнува од политичката сцена, а очекувам дека ДПА ќе се враќа, оти јас бев шеесеттиот пратеник пред еден месец“ вели Тачи.
Сепак, Тачи во моментов е далеку од некакво влијание на политичката сцена. Единствениот градоначалник кој неговата партија го освои на последните локални избори премина во редовите на Алијанса за албанците а бројот на гласови кои ги освои неговата партија се далеку од ниво кое при самостоен настап на избори би му обезбедило некакво влијание во Собранието.