Петгодишната Љубица Живковиќ боледува од канцер на бели дробови и треба итно да се оперира во Систина каде и била дијагностицирана болеста објаснува татко и Дејан Илијевски. Операцијата чини 8 000 евра, а семејството не е во можност да ја плати.
„Љубица боледува од епилепсија, срцева маана и карцином на бели дробови. Откриен и беше 2019-та година“, посочи Оливера Живковиќ.
„Не сакам да ми умре и друго дете“. Колку деца изгубивте и од што? „Три деца изгубивме, две боледуваа од срцева маана, едно од сепса почина“, вели Дејан Илиевски.
Љубица има уште тројца браќа кои исто не се во добра здравствена состојба. Ова семејство нема никакви приходи. Живеат во тешки услови во две руинирани соби со влага. Немаат струја, а водата секојдневно очекуваат да им ја исклучат. Се надеваат дека нивниот апел за помош ќе стигне до сите добронамерници, со цел што побрзо Љубица да се оперира.
Контакт телефон за донации – 071 750 310
Трансакциска сметка Оливера Живковиќ – 300007023084149
Извор: ТВ 21