Секој пат кога на некој настан Мет Дејмон ќе се појави со својата сопруга, таа привлекува големо внимание…

Бидејќи и сам ретко се појавува во јавноста, Мет Дејмон (50) не го гледаме често ниту со сопругата, а секој пат кога ќе се појават стануваат главна вест во светот на познатите.

Прекрасната Аргентинка Лусијана Бозан Баросо и познатиот актер се запознале во 2003 година, во моментот кога тој беше еден од најпопуларните луѓе на планетата. Тие двајца можат да се пофалат со една од најромантичните приказни за тоа како се запознале – актерот за време на снимањето бил со колегите во некој бар и се вљубил до уши во згодната келнерка која го послужувала.

Фото: Профимедиа

„Буквално ја гледав само неа во целата просторија“, изјави во една прилика Дејмон.

Се веначле две години подоцна, во декември 2005 година и оттогаш се во среќен брак. Лусијана одамна не работи во барот, а е многу посветена на своето големо семејство. Парот заедно доби три ќерки, а Мет за свое дете ја смета и ќерката на Лусијана од првиот брак.

Фото: Профимедиа

Деновите со задоволство ги поминува во друштво на своите ќерки и всушност води живот на домаќинка, но со леснотија, кога тоа е потребно, може да ги надмине и најголемите холивудски ѕвезди на црвениот тепих. Најголемо внимание привлече во 2017 година, кога на отварањето на 74-от Меѓународен филмски фестивал во Венеција се појави во елегантен црвен фустан кој и стоеше прекрасно. Токму тој ден засени многубројни филмски диви и буквално се најде на насловната страница на секој магазин и весник.

Фото: Профимедиа