Тајванските власти порачаа во неделата дека нема да се откажат од својата сувереност и постигнувањето компромис во погледот на слободата и демократијата, и тврдат дека тамошните жители се „јасно против“ идејата со Тајван да се управува според моделот „една земја два система“.
Изјавата од Тајпеј дојде многу набрзо откако кинескиот претседател Кси Џинпинг во говорот на отворањето на 20-от конгрес на Комунистичката партија на Кина му порача на кинескиот народ дека треба да го реши прашањето на Тајван и дека Кина никогаш нема да се откаже од употреба на враќањето на островот во матицата земја.
„Искрено и со сите сили инсистираме на перспективата за мирно обединување, но никогаш нема да ветуваме дека ќе се откажеме од употребата на сила и ќе ја задржиме можноста да ги преземеме сите неопходни мерки против мешањето на надворешните сили и исклучително малиот број сепаратисти за независност на Тајван, како и за нивните сецесионистички активности“, изјави Кси на конгресот во Пекинг, алудирајќи во прв ред на САД кои ги поддржуваат властите во Тајпеј.
Кинескиот челник оцени дека таквите акции „во никој случај нема да бидат насочени против мнозинството население на Тајван“. Си, во истиот контекст рече дека Пекинг ќе продолжи со реформи на армијата со цел да се постигне целта создавање глобално релевантни вооружени сили до стогодишнината од основањето на Народноослободителната армија на Кина во 2027 година.
„Одржувањето на мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец е заедничка одговорност на двете страни, а среќавањето на бојното поле не е опција“, се истакнува во одговорот на претседателескиот кабинет во Тајпеј.
Кина, која Тајван го смета за своја одметната покраина, одамна се обврза островот да го врати во својот состав и никогаш не исклучи можност за примена на сила за исполнување на таа цел, иако изминатите години се трудеше тој процес да го артикулира преку поддржување про-пекиншки струи на островот и со економски привлекување. Властите во Тајпеј, пак, се противат на кинеските намери и велат дека за тоа ќе мора да одлучат 23-те милиони жители.
Кина на Тајван му го понуди моделот „една земја два систем“, но тогаш го отфрлија повеќето главни партии на островот, и се тврди дека нема јавна поддршка.
Тајван е управуван од сопствена администрација од 1949 година, кога остатоци на силите на Куомитангот предводени од Чанг Кајшек (1887-1975) по поразот во граѓанската војна со Комунистичката партија на Кина побегнаа на островот. Оттогаш Тајпеј го задржа знамето и некои други атрибути на поранешната Република Кина, кои постоеја во континенталниот дел пред на власт да дојде Комунистичката партија.
Кина не го признава суверенитетот на Тајван и го смета за своја одметната покраина, и категорично се спротиставува на секој контакт на тамошните власти со официјални претставници на власти и војските на други земји. САД во намерите да ги избегне острите тензии со Кина декларативно наведува дека го признава „статус-квото“ и принципот на „една Кина“, но американскиот закон го обврзува Вашингтон да му овозможи финансиски и материјално на островот „право на самоодбрана“.