Да се направи добар куглоф не е воопшто тешко, ако знаете некои тајни кои се потребни за негова подготовка. Потребни ви се 5 јајца, по една шолја шеќер и брашно, прстофат сода бикарбона и хартија за печење.
Првата тајна на колачот е јајцата кои ги користите да бидат добро изладени. Затоа пред правење тесто, оставете ги во фрижидер барем 10 минути, ако штотуку сте ги купиле. Матете ги во длабок сад, за да не прска на сите страни.
Миксерот се подесува на најголема брзина и матите додека добиете жолта пена. Додека матите, садот малку навалете го на страна, а миксерот држете го што поблиску до површината, не подлабоко.
Додека матите додајте го шеќерот во неколку наврати. Кога ќе го исклучите миксерот, додајте го брашното и нежно мешајте со лажица. Потоа додајте ја солта и тесто е готово. Садот за печење обложете го со хартија за печење и посипете со брашно.
Ставете го во рерна која е загреана на 250 степени и додека се пече не ја отворајте рерната, затоа што колачот ќе спласне. Откако ќе се испече (за 45 минути) извадете го од рерна и оставете го да се излади., па потоа извадете го од калапот. Посипете со шеќер во прав и послужете.