Кралицата Елизабета Втора имала тајни знаци и трикови за различни пораки до своите помошници на свечените настани. Имено, британските медиуми пишуваат дека нејзин најважен додаток, во таа смисла, бил чантата. Кога ја префрлала, на пример – на другата рака, тоа било знак дека монархот сака да го напушти разговорот…

– Очигледно, ако таа стои на некој настан и се дружи со луѓе и разговара и ја префрла чантата од една на друга рака, таа им кажува на своите вработени дека би сакала некој од нив да го прекине разговорот, појаснува кралската коментаторка Кристен Мајнцер.

Кралицата ги изразувала своите желби и со кармин… Нејзиниот поранешен помошник Ијан Скот Хантер, кој работел за неа осум години, ја откри нејзината тајна.

– Во нејзината чанта што ја чуваше до себе, секогаш имаше кармин што го ставаше без огледало. Таа со него им укажуваше на дамите од дворецот дека сака да си оди, раскажува Хантер.

Елизабета наводно користела слични потези и при свечените вечери – на пр., ја ставала чантата на масата, што значело дека „сака да си замине за пет минути“… Ако ја стави на подот, пак, персоналот знаел дека таа сака да си замине „веднаш“.