Меѓународниот институт ИФИМЕС во својата последна анализа за Македонија пишува и за тајна разузнавачка акција чија цел е враќање на Никола Груевски на власт во Македонија, објави Фокус.
Според анализата, центарот на акцијата е во Будимпешта, а е потпомогната од неколку европски државни лидери кои доаѓаат од десницата.
-Аналитичарите предупредуваат на тајна разузнавачка операција, која во меѓународните кругови се нарекува „Коњски скок“, а чија крајна цел е враќање на Никола Груевски во Северна Македонија и уривање на постојната политичка гарнитура. Затоа, интензивно се работи на дестабилизација на државата преку постојано производство на бројни скандали. Разузнавачките служби откриле и лоцирале повеќе од 160 медиумски портали, кои произведуваат бројни лажни вести и скандали со намера да предизвикаат хаос и да ги дискредитираат првенствено премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Ова е поврзано со „Адинамик Медиа“, компанија која работи веб-страници што ја поддржуваат опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. „Адинамик Медиа“ е поврзана со унгарската јавна телевизиска мрежа Маѓар Телевизо (МТВ), која ја фаворизира водечката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан. На политичко ниво се прават обиди да се блокира функционирањето на институциите, на пример, опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 2.000 измени и дополнувања на Законот за армијата на Република Северна Македонија, со што на овој начин директно се руши системот на НАТО. Предлог-законот за давање македонско државјанство со тројца сведоци е многу сомнителен и не е во согласност со меѓународните стандарди и може да влијае врз административната промена на етничкиот имиџ и создавањето нови тензии. „Нон-пејпери“, покренати од блиски сојузници на Никола Груевски, исто така придонесуваат за создавање средина на хаос, пишува во анализата.