Дебелината се однесува на ненормалното зголемување на телесното сало и обично е, но не и неопходно, поврзана со дебелеењето. Разликата меѓу нив најдобро се гледа кај спортистите, каде што кај рагбистите од 150 кг, мускулите не се дебелина сè додека не престанат да тренираат; потоа мускулите се претвораат во сало. Спротивно на тоа, постојат луѓе чија тежина се намалува, а всушност, имаат премногу сало.

Во одредени земји луѓето често имаат премногу сало. Тоа е главно поради масовното земање намирници што се богати со масти и шеќери. Децата се навикнуваат на нив и растат во дебели луѓе, кои се подложни на многу болести, вклучувајќи ги и гастроинтестиналните и кардиоваскуларните нарушувања. Според некои статистики, луѓето сега земаат помалку маснотии, но не ги заменуваат јаглехидратите. А, сепак, голем процент од населението е нетолерантно на јаглехидрати. Тоа значи дека тие многу брзо ги претвораат јаглехидратите во високи дози на шеќери, кои од своја страна, го стимулираат панкреасот да лачи инсулин. Кога нивото на инсулин е високо, состојба што се нарекува хиперинсулинемија, шеќерот се претвора во телесна маснотија, поради што потешко се слабее. Чувствителноста на јаглехидрати може да биде одредена со комплетен физички преглед, заедно со целокупна здравствена и семејна анамнеза. Семејната историја на срцеви болести, дијабетес и дебелина, како и високото ниво на холестерол и триглицериди, значи хиперинсулинизам и осетливост на јаглехидрати.

Тања Турунџиева, нутриционист

Со тоа, многу дебели луѓе имаат субклинички хипотироидизам, оној кој во анализа на крвта секогаш не се покажува. Тироидната жлезда воспоставува ритам со кој ги согоруваме калориите. За да дознаеме дали постои субклинички хипотироидизам, можеме наутро, пред да станеме, да мериме температура под пазуви за време од 10 минути. Пет температури со последователно мерење, под нормалното може да укажат на хипотироидизам. Освен ниска телесна температура и дебелеење, останати знаци на субклинички хипотироидизам се ладни раце и нозе, проблеми со памтење и концентрација, констипација, ПМС и други менструални проблеми и проретчување или опаѓање на косата.

Јо-јо синдром

Одржувањето на нормалното ниво на телесни масти зависи од животните навики кои опфаќаат и здрав начин на исхрана и вежби. Традиционалниот начин на слабеење бара привремена рестрикција на земање храна и калории, а не постојана промена, а тоа е од самиот старт осудено на пропаст. Диетите создаваат и спротивен ефект каде што личноста не само што ќе ја врати изгубената тежина, туку и ќе добие дополнителни килограми. Повторното обидување резултира со јо-јо синдром, кога тежината секогаш се губи и се добива. А, тоа не само што е лошо за самодовербата; тоа и го забавува метаболизмот, правејќи го слабеењето потешко со секој нов обид.
Поголемиот број луѓе за тоа се обвинуваат себеси поради недостаток на волја, но не треба да бидат толку сурови. Причината поради која диетата не успева, може да се објасни со проучување на начинот на живот на нашите предци во праисториската доба. Поголемиот број од нив немале постојани извори на храна. Понекогаш имале многу за јадење, а понекогаш ништо. За да опстанат, човечките тела морале да се прилагодат на тие услови на прејадување или на глад. Кога имало малку храна, метаболизмот се забавувал за да зачува енергија, а кога имало многу храна, метаболизмот се забрзувал.

Диетата го става телото во состојба на изгладнување и затоа метаболизмот се забавува кога луѓето се на строга диета. Сè до триесеттата година телото може да се прилагоди на промените во метаболизмот предизвикани од диета, но потоа станува помалку флексибилно. Што е уште полошо, губењето на тежина е често во мускулите, додека нејзиното зголемување е повеќе во масти отколку во масна телесна маса. Мастите согоруваат помалку калории од масното ткиво, поради што следниот пат во јо-јо циклусот ќе биде многу потешко да се изгубат килограми.

Многу луѓе погрешно веруваат дека диетата богата со протеини е добар начин за губење на тежината. Иако, таквата диета на почеток може да има драматични ефекти, таа со време доведува до непосакувани последици како што се иритабилност, вознемиреност, па дури и оштетување на бубрезите и црниот дроб. Освен тоа, животинските протеински намирници обично се полни со заситени масти, кои ги затнуваат артериите.

Како што е споменато, диетите се неефикасни, а понекогаш и опасни. Здравата исхрана треба да биде начин на живот, што значи елиминација на обработена храна, лоши масти и некои јаглехидрати, доколку постои нетолеранција на нив. Освен тоа, и неактивноста, запушеното дебело црево и плиткото дишење се контрапродуктивни.

Чувајте се од вештачките засладувачи

Особено се штетни замените за намирниците што дебелеат. Прво, тие се базираат на претпоставка дека човекот не сака да го промени начинот на исхрана, второ, воведување на штетни хемикалии во организмот. Посебно треба да се чувате од вештачките засладувачи. Иако, контролирани студии не ги потврдиле нивните штетни ефекти, постојат извештаи во неуролошките реакции како што се халуцинации, вртоглавица, па дури и епилепсија. А, студиите на глувци го имаат доведено овој производ во врска со туморот на мозок.

Значи, дебелината претставува неурамнотеженост помеѓу внесени и потрошени калории. Ако се внесат повеќе калории отколку што е потребно, телото ги претвора во масни наслаги, што резултира со зголемување на телесната тежина. За да се избегне дебелината треба да се консумираат намирници што даваат чувство на ситост и кои се: сиромашни со калории, богати со влакна, сиромашни со масти, сиромашни со натриум (натриумот во кујнската сол ја задржува водата и го зголемува обемот и телесната тежина).