Откако шоуто „Љубовта е слепа“ се појави на „Нетфликс“ во 2020 година, гледачите со љубопитност го следат „експериментот“ дали паровите ќе се заљубат низ разговор, без да се видат, за потоа да стигнат до олтарот. Со деветтата сезона, се откриваат интересни детали за тоа како навистина функционира шоуто.

Златните чаши

Фановите долго се прашуваа зошто натпреварувачите секогаш пијат од златни чаши – дали за да не се гледа алкохолот внатре, или пак да нема грешки при монтажа. Креаторот Крис Колен објасни дека тоа е само визуелен потпис на шоуто, направен од естетски причини.

Животот во капсулите

Експериментот трае околу 10 дена со 40–50 кандидати. Во тој период немаат телефони, а првите денови се како брзи состаноци. Натпреварувачите добиваат по околу 5.000 долари за учество во фазата на капсулите.

Улогата на продукцијата

Иако шоуто не е сценирано, барем така се тврди, продукцијата предлага теми за разговор за да се избегне тишина. Прстените и основните трошоци за венчавките ги покрива продукцијата, а сè дополнително плаќаат паровите.

Од свршувачка до венчавка

Сите свршувачки се случуваат во ист ден, но во емисијата се прикажуваат постепено. Продуцентите решаваат кој прв ќе изговори „да“ или „не“ пред олтарот за поголема драма.

Контроверзии

Некои поранешни учесници тврдат дека им било забрането да го напуштат шоуто пред олтарот, а дел признаваат дека знаеле оти нема да се венчаат — но сепак останале во емисијата. Има обвинувања и дека натпреварувачите имале пристап до многу алкохол и малку храна, а некои велат дека по учеството се соочиле со психички последици и јавен линч на социјалните мрежи. Дополнително, неколку поранешни натпреварувачи изнесоа обвинувања за насилно однесување на своите партнери, што предизвика критики за изборот на учесници.

Текстот Тајните зад „Љубовта е слепа“: што навистина се случува зад камерите е превземен од МАКФАКС.