Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денес изјави дека Италија има потенцијал да ја предводи меѓународната борба против корупцијата, нагласувајќи ја важноста на соработката и размената на информации во борбата против овој глобален феномен.

„Италија е во добра позиција да го искористи своето искуство во борбата против корупцијата. Веќе ја ставаме Финансиската полиција (Guardia di Finanza) на располагање на Албанија и Црна Гора, а преку работата на амбасадите и присуството на безбедносните службеници можеме да обезбедиме Италија да биде на првите редови во борбата против корупцијата“, рече Тајани на маргините на 24-от состанок на Меѓуинституционалниот меѓународен координативен комитет за борба против корупцијата, кој се одржува во Рим.

Тој зборуваше и за неговата неодамнешна посета на Мексико, каде што соработката во борбата против криминалот беше централна тема.

Текстот Тајани: Италија може да ја предводи меѓународната борба против корупцијата е превземен од МАКФАКС.