Англискиот премиерлигаш Њукасл, кој следната сезона речиси сигурно ќе игра во Лигата на шампионите (ЛШ), е фаворит за потписот на големиот турски талент, Арга Ѓулер, за кого се заинтересирани уште неколку европски гиганти.
Станува збор за 18-годишник познат и како турскиот Лионел Меси, а кој важи и за еден од најперспективните фудбалери во Европа. Тој уште минатата сезона дебитира за Фенербахче, каде што добива се поголема минутажа.
Ѓулер веќе има и два настапи за најдобрата селекција на Турција, а за неговиот потпис до неодамна за фаворит се сметаше Барселона, а во игра е и холандски Ајакс. Неговата слобода во моментов чини скромни 4,4 милиони фунти, што е смешна сума за екипите кои се во игра за негов ангажман./Sport1/