Со зголемувањето на температурите и до 40 степени зголемен број на сообраќајни незгоди, колапси, јавување од хронично болни во брзата помош.
Денеска до 12 часот имало два колапса на јавно место.
Од Брзата помош апелираат граѓаните да не излегуваат во критичниот период, бидејќи и во брзата помош работи со смален капацитет поради годишните одмори.
Многу често граѓаните и на телефонскиот број 194 може да добијат корисни совети.
Денеска максималната температура во Скопје беше 38 степени и индекс на зрачање и до дест. Улиците во центарот на градот напладне беа скоро празни. Граѓаните кои излегуваат да носат задолжително шише вода, шапка и да се движат под сенки.
Од старотот на работната недела температури и над 40 степени и индкес на зрачење десет.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.