Панел експерти од Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача вакцината против Ковид-19 од американскиот производител Модерна да се дава во две дози во интервал од 28 дена, што во исклучителни околности може да се продолжи на 42 дена.
Советодавната група експерти за имунизација на СЗО, позната како САГЕ, советуваше во низа препораки издадени по прегледот на податоците дека вакцината на Модерна не треба да им се дава на бремени жени, освен ако не се здравствени работнички или се изложени на висок ризик од инфекција.
Европската унија ја одобри вакцината против коронавирус на Модерна на 6 јануари 2021 година и таа е втора вакцина што се користи во Унијата, по онаа на Фајзер.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.