Ширењето на различните видови на вирусот корона нема да предизвика нов бран на пандемии, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге.

Тој во интервју за шпанскиот весник „Паис“ рече дека новите соеви се болен потсетник дека вирусот продолжува да ги погодува луѓето.

– Advertisement –

Клуге, сепак, истакнал дека ова не е нов вид на вирус, туку дека мутациите се нормална еволуција на секој патоген што се обидува да се прилагоди на „домаќинот“, односно човекот.

„Ова не е почеток на нова пандемија, но мора да бидеме многу внимателни“, предупреди Клуге.

Прикажи повеќе