Комитетот на експерти на Светската здравствена организација (СЗО) за вакцини против коронавирусот денеска соопшти дека проверката на вакцината на „АстраЗенека“ покажала дека таа има „огромен потенцијал“ да спречи инфекции и да го намали бројот на жртви.

СЗО соопшти дека „достапните податоци не укажуваат на какво било вкупно зголемување на случаите на згрутчување на крвта“ и дека пријавените стапки на згрутчување на крвта по вакцинацијата против коронавирусот се во согласност со очекуваниот број на такви дијагнози.

Забележани се многу ретки случаи на згрутчување на крвта кај неколку лица кои примиле вакцина на „АстраЗенека“ во Европа и СЗО додава дека „не е сигурно тие дека се предизвикани од вакцинација“.

Слично на советите објавени неделава од Европската агенција за лекови (ЕМА) и од владите низ цела Европа, СЗО наведува дека здравствените работници и пациентите треба внимателно да ги следат и да ги пријават сите потенцијални несакани ефекти на вакцините.

Неколку европски земји во последните две недели ја прекинаа употребата на вакцината на „АстраЗенека“ по неколкуте смртни случаи и појавата на згрутчување на крвта кај оние кои ја примиле.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.