Во училиштата би требало да се прават ПЦР или антигенски тестови за да се избегне враќањето на онлајн наставата во случај на нов бран на коронавирус, препорача денеска европскиот огранок на Светската здравствена организација.
-Летните месеци даваат шанса владите да воведат пакет мерки кои ќе придонесат за намалување на стапката ширење на вирусот за да се избегне затворање на училштата, наведува директорот на европскиот огранок на СЗО, Ханс Клуге.
Во заедничкото соопштение на УНЕСКО и УНИЦЕФ се оценува дека затворањето на училиштата негативно влијаело на образованието и социјалната и ментална корист на децата и младите.
Тестирањето во училиштата биможело да се препорача во случај на кластер, но СЗО смета дека може да се спроведува и во отсуство на симптоми кај учениците и вработени,
Клуге заклучува дека не можат да дозволат децата да бидат ускратени за образование и развој поради пандемијата.