Засега, земјите мора да продолжат да ја користат вакцината на АстраЗенека против Ковид-19, соопшти Светската здравствена организација, откако голем број земји престанаа да ја користат поради страв од згрутчување на крвта.
-Не сакаме луѓето да паничат и засега би препорачале земјите да продолжат да вакцинираат со АстраЗенека, изјави главната научничка на СЗО, Сумија Суминатан, на брифинг со новинарите.
-Засега не откривме поврзаност меѓу овие настани и вакцината, додаде таа. (МИА)