Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и одржување на хигиена.
Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе бил во слична ситуација и посочи дека не е време за опуштање.
– Во текот на изминатата година, имаше моменти кога во скоро сите земји бројот на регистрирани случаи се намалуваше. Мерките за претпазливост беа олабавени, а потоа вирусот ќе продолжеше да беснее, потсети Тедрос.
Тој нагласи дека во моментот кога се врши вакцинирање на глобално ниво, потребно е да се применат мерки на претпазливост кои придонесуваат за безбедноста на луѓето, пренесува Voice of America.
– Контролирањето на ширењето на вирусот придонесува за спасување животи и ги намалува шансите за појава на нови видови. Исто така, помага дејството на вакцините да биде поефикасно, рече тој.