Светската здравствена организација (СЗО) објави дека коронавирусот продолжува да претставува извонредна меѓународна јавно здравствена криза, што е највисоката форма на предупредување на агенцијата.

Пандемијата е веројатно на „преодна точка“, која сè уште бара внимателно управување за „да се ублажат потенцијалните негативни последици“, се вели во изјавата на СЗО.

Поминаа три години откако агенцијата на Обединетите нации го прогласи Ковид-19 за глобална здравствена закана. Повеќе од 6,8 милиони луѓе починаа во пандемијата во сите делови на светот, а болеста имаше негативно влијание врз светската економија и функционирањето на општествата.

Прикажи повеќе