Ќе мора да почекаме додека да се стави крај на пандемијата. Идната година се очекува да заврши пандемијата на коронавирусот. Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, вели дека пандемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година.
За данската државна телевизија ДР, Клуге кажа дека 2021 година ќе биде година на Ковид 19, но година во која ќе биде многу полесно да се справи со епидемијата во споредба со 2020 година. Клуге верува дека најлошото сценарио е зад нас.
-Вирусот и понатака ќе биде присутен, но мислам дека нема да бидат потребни ограничувања. Ова е оптимистичка порака, изјави Клуге.
Тој објасни дека мутациите се нормални и дека вирусот се обидува да се прилагоди на заразеното лице, но и дека брзото ширење го загрижува. Вели дека внимателно следат колку се развиени ефективни вакцини против ковид 19 поради брзината на ширење на мутациите.
Бројот на починати во САД надмина 500.000, објавија од универзитетот Џонс Хопкинс. Тоа значи дека од коронавирусот животот го загубиле повеќе лица отколку што САД имаа вкупно жртви во Втората светска војна. Во светот досега се потврдени повеќе од 112 милиони случаи на заразени со коронавирусот.