Новиот вид на коронавирусот откриен во Велика Британија, што брзо се шири, „не е вон контрола“, соопшти денеска Светска здравствена организација повикувајќи да се преименуваат досегашните проверени мерки.

– Имавме фактор РО (стапка на репродукција на вирусот) многу поголем од 1,5 во разни моменти во оваа пандемија и ја совладавме. според тоа оваа ситуација во таа смисла не е вон контрола, изјави директорот за итни здравствени ситуации при СЗО, Мајкл Рајан.

Неговата изјава уследи откако британскиот министер заздравство Мет Хенкок вчера оцени дека „новиот вид коронавирус „е вон контрола“.

– Мерките што во моментот постојат се добри. Треба да продолжиме да го правиме тоа што го правевме досега. Можно е да биде потребно поинтензивно и подолго време да работиме за да се осигураме дека можеме да го совладаме овој вирус, истакна Рајан.

Голем број држави од вчера ги затворија границите со Велика Британија и со Јужна Африка поради појавата на новиот вид накоронавирусот со цел да се избегне негово ширење. (МИА)