Светот е на работ на катастрофален морален пад на дистрибуцијата на вакцини за „ковид-19“, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, повикувајќи ги земјите и производителите да дистрибуираат вакцини поправедно низ целиот свет.

Гебрејезус рече дека изгледите за фер дистрибуција се под “сериозен ризик” во време кога програмата за дистрибуција на вакцини COVAX има намера да започне со дистрибуција следниот месец.

– Advertisement –

„Ова може да ги одложи испораките на COVAX и да го создаде токму она сценарио што се обидовме да го избегнеме создавајќи го механизмот COVAX: акумулација, хаотичен пазар, некоординиран одговор и продолжување на социјалните и економските нарушувања“, рекол тој.

Тој предупреди дека на оние на кои им е најпотребна помош ќе страдаат поради тоа.

„Не само што овој пристап на „прво јас“ ги загрозува најсиромашните и најранливите, тој е и самоуништувачки“, рече Тедрос на отворањето на годишниот состанок на извршниот одбор на СЗО во Женева, објави Ројтерс.

Прикажи повеќе