Повеќе од 700.000 луѓе си ги одзеле своите животи во 2019 година, што значи дека еден од секои 100 смртни случаи во светот се должи на самоубиство, соопшти Светската здравствена организација, јави ДПА.
Тој процент е исклучително висок.
Самоубиствата паднаа за 36 проценти од 2000 до 2019 година. Сепак, пандемијата зголеми многу од ризичните фактори за нив, како што се невработеност, финансиски проблеми, изолација.
„Државите можат да помогнат да се намали самоубиството обучувајќи млади луѓе да се справуваат со емоционални или социјални кризи“, соопшти СЗО.
Други начини за справување со проблемот се да ги идентификуваат луѓето склони на самоубиство рано и да им се даде можност да најдат помош, да поттикнат одговорно медиумско известување за самоубиства и да го отежнат пристапот до отрови и оружје.
Самоубиството е четврта водечка причина за смртност во возрасната група од 15-29 години, по сообраќајни несреќи, туберкулоза и насилство. Повеќето жртви се од машки пол – 12,6 на 100.000 за мажи, во споредба со 5,4 на 100.000 за жени.