До три пати повеќе лица умреле од пандемијата отколку што е официјално соопштено за смртните случаи од Ковид-19 во текот на минатата година, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Вкупните смртни случаи се најмалку два до три пати повисоки од официјално пријавените, изјави во Женева, Самира Асма, помошник генерален директор на СЗО, одговорна за податоците, во моментот кога оваа здравствена агенција на ОН го објави глобалниот годишен извештај.

Во извештајот се наведува дека во 2020 година имало најмалку три милиони смртни случаи што се должат директно или индиректно на Ковид-19, додека официјалната бројка на смртни случаи од Ковид-19 на крајот на годината изнесуваше 1,8 милиона

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.