Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 84,47 милиони, зголемувајќи се за над 541.000 во последните 24 часа, се наведува во последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО), објавен синоќа.
Според СЗО, бројот на смртни случаи се зголемил за речиси 8.700, со што вкупниот број изнесува приближно 1,85 милиони.
На 5 јануари, Светската здравствена организација регистрира 84.474.195 заразени и 1.848.704 смртни случаи.
Речиси половина од пријавените случаи во изминатите 24 часа биле регистрирани во Северна и Јужна Америка (266.499), потоа во Европа (202.958) и во Југоисточна Азија (26.070).
Поголемиот дел од потврдените случаи се регистрирани во САД – 20.470.169, потоа Индија (10.356.844), Бразил (7.733.746), Русија (3.284.384), Велика Британија (2.713.567), Франција (2.615.185), Италија. (2.166.244), Шпанија (1.893.502), Германија (1.787.410), Колумбија (1.675.820), Аргентина (1.640.718) и Мексико (1.448.755). (МИА)