Според податоците на СЗО во изминатите 24 часа во светот евидентирани се 740.221 нов случај  на коронавирус, а во истиот период починале 12.502 лица.

Со тоа, вкупниот број на заразени лица се зголеми на 83,32 милиони, а починаа 1,83 милиони пациенти.

Најголем број на новоинфицирани лица е забележан во Јужна и Северна Америка, повеќе од 62 отсто, или 477.794. Следува Европа со 165.584 и Југоисточна Азија со 27.828 нови случаи.

Извор.МИА