Новата, позаразна верзија на ковид-19, која за прв пат беше откриена во Велика Британија, се прошири во 70 земји, во 10 повеќе од пред една недела, објави Светската здравствена организација.

Во најновиот епидемиолошки извештај, агенцијата на Обединетите нации наведува дека варијантата на коронавирус откриена во Јужна Африка минатата недела се проширила во уште осум земји и сега е присутна во 31 земја, пренесуваат светските медиуми.

Се додава дека варијантата откриена во Бразил се прошири во осум земји.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.