Тетовската полиција поднесе кривична пријава против двајца малолетници од село Радуша и од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело тешка кражба.
„Во периодот од 11 до 25 јули годинава, со употреба на физичка сила и подесен предмет, пријавените влегле во црквата „Свети Никола“ во селото Копанце и „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во селото Туденце и одзеле пари“, информираат од МВР.
Инспектор по малолетничка деликвенција при СВР Тетово и претставник од Центарот за социјални работи во Тетово извршиле службен разговор со пријавените во присуство на нивните родители.