Сообраќајната полиција денеска во временскиот период од 9 до 15 часот на подрачјето на Тетово и Гостивар спровела засилена контрола со која биле опфатени автобуси кои вршат јавен превоз. Проверката открила седум возила, што биле и законски санкционирани.
„При контролата, откриени и санкционирани се седум технички неисправни автобуси од кои шест на тетовското и еден на гостиварското подрачје. Од нив, четири во Тетовско и едниот во Гостиварско имале неисправни сопирачки, додека преостанатите неисправен уред за управување и недостиг на опрема-ПП апарат, информира порпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Сите неисправни возила веднаш се исклучени од сообраќај, а против возачите и фирмите, правни лица, ќе следат соодветни поднесоци.