Вчера (05.08.2021) полициски службеници од СВР Битола-ОВР Ресен го лишија од слобода К.С. од с.Лева Река, ресенско поради постоење основи на сомнение дека го предизвика пожарот во Лева Река, во кој беше опожарена нискостеблеста шума, а утрово (06.08.2021) околу 06:15 часот во м.в.Дабница, прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница, кој утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп. Во координација со Јавен обвинител се работи на расчистување на овие случаи.
Во периодот кој следува, СВР Битола ги потсетува граѓаните дека на сила е и воведената забрана за движење во шумските предели, што е посебно важно пред претстојните празници (Св.Ана и Св.Петка) кои традиционално се поврзуваат со посета на верските објекти кои се наоѓаат во планински места (с.Маловишта, с Брусник и сл.), а забраната за движење се однесува и на Националниот парк Пелистер.