Вооружен маж наводно пукал во маркет на Волмарт во градот Севиервил во американската сојузна држава Тенеси, јавуваат светските медиуми.

„Сан“ наведува дека надлежни лица пристигнале на лице место, а полицијата, во меѓувреме, уапсила две лица.

Локалната полиција се огласи преку Твитер и соопшти дека нема жртви во инцидентот.

Поедини портали истакнуваат дека корисничка на Фејсбук тврдела дека нејзиниот брат бил во маркетот и дека „се слушнало пукање како да станува збор за автоматска пушка“.

Локалната ТВ мрежа ВВЛТ пренесе сведочење на менаџер на продавница кој рекол дека толпа луѓе го напуштиле Волмарт околу 15:30 часот по локално време.