На 3 мај се одбележува Светскиот ден на работниците и медиумските работници, кога се фрла светло врз условите во кои работат новинарите, кои не се борат само за вистината – туку и за основните права, достоинствени услови и безбедност.

Синдикатот на новинари и медиумски работници објави податоци за ризиците со кои се соочуваат новинарите. Тие истакнуваат дека најголем дел од новинарите и медиумските работници во земјава работат во услови на прекаријат – со ниски плати, несигурни работни места, под силни притисоци и често со високо ниво на автоцензура.

Како еден од ризиците ССНМ го истакнуваат и влијанието на вештачката интелигенција.

„Иако на голема врата влијае врз новинарството се уште не се зема сериозно, бидјеќи медиумската сфера се соочува со низа на сериозни проблеми“ велат од ССНМ.

Нивните податоци покажуваат дека во медиумите во земјава работат околу 2100 луѓе, распоредени на 3146 работни позиции и дека околу половина од новинарите и 70 отсто од медиумските работници имаат припаѓа под просечната месечна плата.

Во онлајн медиумите пак, од околу 700 луѓе, само 39,1 отсто се редовно вработени, што е речиси исто и со локалните медиуми каде речиси две третини се хонорарно вработени новинари и медиумски работници.

„Една четвртина од граѓаните во Република Северна Македонија распротранети на повеќе од половина од територијата живеат во тн. медиумски пустини“ велат од ССНМ.

Тие истакнуваат дека без професионално новинарство не може да има развој на демократијата и дека само социо-економски обезбедени новинари може да известуваат објективно и да го бранат јавниот дискурс.