Шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев се сретна со министерот за надворешни работи на РС Македонија, Бујар Османи, во Анталија за време на форумот на процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Бугарскиот прв дипломат истакна дека за Бугарија е од клучно значење спроведувањето на Договорот од 2017 година , потсетувајќи дека бугарската позиција се заоснова на Декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година и рамковната позиција за европската перспектива на РС Македонија прифатена од бугарската Влада на 9 октомври 2019 година.
Стоев потсети дека Бугарија очекува конкретни чекори од РС Македонија во спроведувањето на Договорот меѓу двете земји.
Бугарскиот министер подвлекува дека прагматичниот пат е добитна комбинација и за Софија и за Скопје.
„Како пријатели и колеги гледаме во иста насока, прашањето е дали ќе ја оствариме посакуваната перспектива, по долгиот или по краткиот пат“, изјави Стоев
Од своја страна македонскиот министер Бујар Османи го информираше својот бугарски колега дека веќе е одреден економски советник, кој ќе им помага на бугарските инвеститори во РС Македонија и го увери дека нашата земја ќе испрати амбасадор во Бугарија.