На денешната владина седница биле разгледувани протоколите за организирање на свадбени свечености, дознава Алсат. Според информации од Владата, ако се задржи нискиот тренд на новозаболени од корона вирусот рестораните за свадби ќе бидат отворени најрано на 1 јуни, а најдоцна на 15 јуни.
Секако ова ќе зависи од епидемиолошката состојба. П
ротоколите за организирање на свадбените прослави се подготвуваат и наскоро ќе бидат претставени пред сопственциите на угостителските објекти за да можат да се подготват за организирање на прославите.