Хероината од филмот „Медена земја“ Атиџе, последната жена – одгледувач на диви пчели во Европа, живееше сама со својата мајка се до нејзината смрт.
Како и Атиџе така и Сузана Турунџиева ја користи секоја прилика да и се заблагодари на нејзината мајка која како што вели „беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој“.
По повод роденденот 80 – иот роденден на госпоѓа Турунџиева, мајката на Сузана, Атиџе и нејзината помала внука и приредиле прослава во домашни услови.
Сузана сподели фотографии од денот со емотивни пораки посветени на нејзината мајка:
– Мојата мајка е таква мајка, да кога зборувам за неа треба да стојам простум… Што би рекла наша Атиџе: Мајката, и цел живот на грб да ја носиш, пак должен ќе и останеш…
Среќен 80ти роденден мајко моја, ти благодарам што беше до мене и тогаш, кога околу мене немаше никој… Биди ми тука уште многу долго, напиша Сузана под фотографијата од нејзината мајка во друштво на нејзината помала внука и Атиџе Муратова.
Сузана објави уште една фотографија на која ја прегрнува својата мајка, а под објавата напиша:
– Некој(а) ТВОЈ(А) е некој кој те разбира и чувствува (дури и од далечина) за нијанса подобро од тоа што самата можеш да се разбереш и почувствуваш себеси…
Се останато се само: момци, девојки, соседи, колешки, колеги, радознали, гајлеберачи, ортаци, вереници, мажи, жени, симпатии, бивши и идни… И психотерапевти, стои во описот на фотографијата која Турунџиева ја објави на својот инстаграм – профил.