Сува трева и нискостеблеста шума гореле во липковско село Виштица, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ).

– Вчера интервениравме со една екипа заедно со „Национални шуми“, завчера со две екипи. Пожарот е над селото нема опасност од зафаќање на куќи. Засега нема информации од месно население, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски.

Регионалниот ЦУК Куманово ја пренесува информацијата од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово дека има активен пожар на отворен простор во с. Виштица, каде што е опожарена ниска вегетација и ниска деградирана шума, а пожарот е на непристапен терен.