Супстанцијата за производство на вакцината „спутник В“ пристигнува во Институт Торлак во попладневните часови, а производството на вакцината во тој институт започнува утре, изјави денеска министерот  за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, додавајќи дека во првата фаза ќе бидат произведени четири милиони вакцини.

Тој рече дека супстанцијата за вакцината пристигнала на аеродромот „Шереметјево“ и попладнево ќе се транспортира во Белград во специјални контејнери на температура од плус два до плус осум степени.

Кога ќе пристигне во Белград оди во ‘Торлак’, каде што сè е подготвено за производство на вакцината, што ќе започне утре попладне“, изјави Поповиќ за РТС.

Според него, четири милиони вакцини „спутник В“ ќе бидат произведени во првиот период од четири до шест месеци.

Тој истакна дека производството на втората доза на вакцината е многу комплицирано за производство.

Вакцината ‘спутник В’ постигна извонреден резултат, покажуваат истражувањата. Ефикасноста достигна 97,6 проценти“, посочува Поповиќ.

Тој наведува дека вакцината ќе се користи првенствено за српските граѓани, бидејќи таков е договорот меѓу претседателите на Русија и Србија, Владимир Путин и Александар Вучиќ, но секако дека Србија ќе му помогне и на регионот.

Се очекува првата вакцина од „Торлак“ да пристигне до пунктот за вакцинација за 10 дена.

Србија е првата земја во Европа што ќе ја произведува вакцината „спутник В“.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.