Вечерва започнува новата сезона во Лигата на шампионите. Имаше неколку шокантни трансфери, Меси во ПСЖ, Депај во Барселона, Лукаку во Челзи, Роналдо во Манчестер Јунајтед, Рамос во ПСЖ.

Иако францускиот тим ПСЖ се засили најмногу, ги зема Меси, Хакими, Рамос, Вајналдум, Донарума, сепак пресметката на суперкомпјутер вели дека овој тим нема да ја освои Лигата на шампионите.

Според оваа пресметка, титулата ќе ја освои Манчестер Сити. Шансите се 16 проценти, потоа следува Баерн Минхен со 11 проценти, трет е актуелниот првак Челзи со 10, а Ливерпул е на четвртата позиција со девет проценти. На петото место е Барселона, која летово остана без Лионел Меси.

Главен фаворит за титулата според суперкомпјутерот е Манчестер сити чии шанси за титулата изнесуваат 16 проценти. Втор фаворит е Баерн Минхен кој има 11 проценти шанса за титулата, трет е европскиот шампион Челси со 10%, додека четврти фаворит е Ливерпул со девет проценти.

Интересно е што Барселона која летово остана без Лионел Меси, е петти фаворит за титулата со осум проценти.