Имате дамки од кафе, чоколадо, вино, цвекло, крв, масло за јадење на вашата облека кои ви одат на нерви, а поголем дел од решенијата ги уништуваат ткаенините и ја избледуваат бојата или пак се прескапи?
Решението кое ви го нудиме е многу едноставно – таблета за машинско миење садови.
Скршете ја таблетата за миење садови и втријте ја на намокрената ткаенина директно на дамката. Истријте ја флеката неколку пати и ставете го парчето облека за перење.
Дамките со сигурност ќе исчезнат, оставајќи ја вашата облека чиста и неоштетена.