„Така е напишано од Бог. Јас да бидам тој кој ќе спаси уште луѓе после мене. Му благодарам на Бог што ми даде втор живот“, изјави Лулзим Сулејмани, еден од преживеаните во автобуската несреќа во Бугарија за ТВ21 , чија екипа го посети Прешево.
Сулејмани вели дека понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира за него и неговата свршеница.
Пред екипата на ТВ21 Лулзим разкажува дека се уште е во шок. Имал проблеми со сонот, а сликите од трагедијата постојано се вртеле во неговата глава. Поради таа причина еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање.