Функционерот на СДСМ, Горан Сугаревски во гостувањето во „Само вистина“ наброја неколку примери, кои, како што вели, го покажуваат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.

-Од ВМРО-ДПМНЕ кажаа дека со внесот на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот немаат проблем и јас на тие изјави се сеќавам. Играте на картата на кратко помнење. Потоа, пратениците и граѓаните масовно беа прислушувани осум години, а сега велите дека биле прекршени човекови права. Трето, во моментов се води дебата за буџет. Видете го лицемериете, преку амандмани во Собранието бараат намалување на акцизи и даноци, а од друга страна на локално ниво каде што е ВМРО-ДПМНЕ власт, за истите работи, односно комунални давачки и паркинзи зголемуваат и поскапуваат. Дури пак, бараат и централната власт да им ги плаќала сметките, рече Сугаревски.

За најавите на опозицијата дека наводно ќе ги изменеле договорите, тој кажа:

-Ниту тие ниту Левица не можат тоа да го направат. ВМРО ДПМНЕ уште во 90-тите години најавуваа укинување на времената спогодба, потоа укинување на територијалната организација, но тоа не се случи. Напротив, еве потпишавме Договор со Фронтекс кој беше чист пример, беше потпишан на македонски јазик, кажа Сугаревски.