Судскиот совет во среда ќе расправа за разрешување на судијка поради манипулации со делењето на предмети. На дневен ред за работа има точка со која е предвидено да се утврди одговорноста на судија, без да се соопштат повеќе детали.
ТВ24 дознава дека се работи за поранешна в.д претседателка на Кривичниот суд во Скопје, за која ќе се оценува како ги распоредила судските предмети.
Неофицијално постои сомнеж за местенки со распоредот на судии кои не работеле под нејзин диктат.
„Тоа што е предвидено во распоредот за работа останува, повеќе информации не смеам да соопштам, премногу е рана фаза на постапката, треба да се одлучува допрва“, изјавил за ТВ24, Киро Здравев, претседател на Судски совет.