Основниот суд во Битола изрече условна казна затвор во траење од една година, со услов од две години, да не го повтори делото, за Љупчо Ѓоргиевски – поранешен претседател на сега веќе избришаното здружение Културен центар „Иван Михајлов“ Битола. Пресудата е донесена по обвинение за ширење на ксенофобија, расизам и говор на расна омраза преку електронски пат.

Адвокатот на Георгиевски, Насер Рауфи, за БТА изјавил дека решението е доставено во електронска форма и содржи 22 страници. Тој информираше дека од утре започнува да тече рокот од осум дена во кој пресудата може да биде обжалена пред Апелациониот суд во Битола, пренесува Трибуна.

Обвинението против Георгиевски се однесува на објави на официјалната Фејсбук-страница на КЦ „Иван Михајлов“, во кои биле цитирани ставови на историската фигура Иван Михајлов, кои судот ги сметал за содржини со ксенофобична и расистичка конотација.

„На 12 јуни 2025 година, судот во Република Северна Македонија ми изрече пресуда од 1 година затвор, условно, со услов 2 години да не го повторам делото.
Оваа пресуда нема правна тежина за мене – таа има симболично значење. Тоа е политичка порака, насочена не против моето лично име, туку против бугарската самосвест во Македонија.
Обвинението против мене не се темели на злосторство, туку на убедување. Тоа испраќа порака!

Не сум сторил насилство, не сум повредил ничије достоинство. Мојот единствен „грев“ е што отворено се изјаснувам како Бугарин, што го почитувам делото на Иван Михајлов и што стојам на чело на културен клуб кој се стреми да ја сочува меморијата за бугарското присуство во Македонија.
Државата може да изрекува пресуди, но не може да ја суди совеста.

Не се споредувам со великите борци на ВМРО – оние херои што го дале животот за слободата и идентитетот на нашиот народ. Јас сум само еден мал човек, кој носи дел од нивното наследство. Но ако моето име биде запишано дури и во сенката на нивната величина, тогаш тоа го прифаќам со смиреност и одговорност.

Денес ме судат поради мојот збор. Но утре ќе жалат што не го слушнале навреме.
Вистината не се забранува со закони. Паметењето не се брише со судски одлуки.

Благодарам на сите кои ме поддржаа и кои продолжуваат да веруваат во правото на секој човек слободно да се самоопредели, без страв и без омраза.

Продолжуваме. Достоинствено и непоколебливо.
Да живее Македонија!
Да живее Бугарија!
Да пребиде бугарскиот дух!“, напиша на социјалната мрежа Facebook Љупчо Ѓоргиевски, претседател на веќе згаснатиот КЦ „Иван Михајлов“ во Битола.