Определен е 30-дневен притвор за бизнисменот Орце Камчев. Според неговиот адвокатот утрово Камчев е притворен поради предлог на обвинител од Радовиш за кривично дело изборна измама, а сега добил 30 дневен притвор поради индиција на Агенцијата за национална безбедност дека ќе се дал во бегство.
Камчев е приведен утринава во Полициската станица Карпош. По приведувањето беше упатен во Кривичниот суд во Скопје, на распит пред судија по претходна постапка.
Орце Камчев е еден од осомничените во случајот „Империја“, но и во случајот „Плацеви на Водно“ за кој Рускоска информираше дека истрагата е при крај.
Во „Плацеви за Водно“ првоосомничен е поранешниот премиер Никола Груевски, за кого истрагата покажала дека со пари на партијата си купил плацеви во вредност од 1,3 милиони евра
Камчев е осомничен за помагање на перење пари и незаконското купување на плацевите за Никола Груевски како тогашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ и премиер.
За останатите двајца осомничени, Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева, мајката на Орце, судот веќе има изречено превентивни мерки за обезбедување на присуство во други предмети, а првоосомничениот Груевски е недостапен на органите на прогон, откако доби азил во Унгарија.
За Орце Камчев има и постапка во случајот „Империја“. Предметите „Империја“ и „Плацеви на Водно“ ги води обвинителката Лиле Стефанова.